Make your own free website on Tripod.com
Основачите на ВМРО

На 23 октомври 1893 година (стар стил) во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собраа шестмина млади мажи за да ги ставаат основите на тоа, кое што ќе стане симбол и знаме на борбите на Македонците за слобода. Д-р Христо Татарчев – лекар, родум од Ресен, Даме Груев – професор, родум од с. Смилево - Битолско, Петар Поп Aрсов – професор, родум од с. Богомила - Велешко, Иван Хаџи Николов – книжар во Солун, родум од Кукуш, Антон Димитров – учител, родум од с. Ајватово - Солунско и Христо Батанџиев – професор, родум од с.Гуменџе, Ениџе Вардарско, основаат конспиративна група, нарекувајќи ја Македонски револуционерен комитет. >>>>
Заклетвата на ВМРО

"Се колнеме во името на Бога, верата и честа, дека отсега ќе служиме колку што можеме за слобода на нашата татковина Македонија и Одринско; ќе ги слушаме наредбите на нашите главатари; нема никому да ги кажеме скришните народни работи. Ако не ги слушаме наредбите на нашите главатарии ако некому, свесно или несвесно, кажеме за она што сега го гледаме, што го слушаме и што го работиме да бидеме убиени од браќата со оружјето што сега го целиваме. Амин"

Границите на Македонија

(Согласно на прологот во Уставот на ВМРО, преработен на нејзиниот општ конгрес во 1925 г.)

Источната граница на Македонија почнува од устието на реката Места и оди по нејзиниот тек северно до над селото Бук; од таму продолжува низ областа Чеч, го следи водоразделот по Родопскиот венец од врвот Крушово на север и завршува на Колос Мусала.

Северната граница оди по Рила и Осогово до врвот Патерица; од таму продолжува кон запад по водоразделните височини меѓу коритото на Вардар и тоа на реката бугарска Морава, додека стигне до Скопска Црна-Гора, го следи нејзиниот срт до Качаничката клисура, продолжува по главниот Шарски венец и стига до Црни Дрим, северно од Дебар.

На запад Македонија се одделува од Албанија со планинскиот венец, кој оди на запад од Црни Дрим и Охридското Езеро, додека го опфати целиот нивни басен; границата го опфаќа и басенот на Преспанското Езеро, го следи водоразделот меѓу реката Девол и реката Бистрица и стига до Грамос планина.

Јужната граница оди по водоразделните планини меѓу басенот на реката Бистрица и тој на тесалиската река Сапатарија, стига до морето, го следи брегот на Бело Море до устието на реката Места.

Револуционерни окрузи - шематски приказ