 |
Роден е во 1874 година во Битола. По завршувањето
на средното образование, во учебната 1895-1896 година бил учител.
Нешто подоцна станал раководител на Организацијата во Лерин. Во
1899/900 година станал раководител на Организацијата во Битола.
По една година бил избран за член на Битолскиот окружен револуционерен
комитет и раководител на ученичката револуционерна организација
во градот. Учествувал во многу борби со турскиот аскер, пред,
за време и по Илинденското востание.
По Првата светска војна живеел во Бугарија. Во меѓусебните
фракциски борби бил на страната на т.н. левица. |