Георги Иванов (Марко Лерински)

Роден е во с. Жернава, Котленско, Бугарија во 1860 година. Бил фелдфебел во бугарската армија. Учесник е во српско-бугарската војна во 1885 година. Еден од првите организатори на ослободителната борба во Леринско и Костурско. Им бил инструктор на многу видни војводи од битолскиот револуционерен округ.

На 26 јули 1902 година четата на Марко Лерински влегла во с.Пателе, Леринско, со цел да ги казни оние селани што пред тоа им ги предале на Турците. Известена за тоа од предавник, турската војска го опколила селото и неговата чета. Во нерамна борба, Марко наредил пробој на обрачот, кој успешно бил изведен. Меѓутоа, при самиот јуриш, еден куршум го пронижал прославениот војвода.

<< Претходна | Следна>> | Именик