Ѓурчин Наумов - Пљакот

Роден е во с. Сланско, Крушевско, во 1851 година. Еден од најстарите дејци во Револуционерната организација и чесен борец против беговско-османското ропство. Во 1899 година е четник во четата на Ј.Пиперката, а во 1900 година во четата на М.Ацев. Во 1902 година е во четата на В.Марков. На 30 јуни 1902 година Окружниот комитет во Битола го назначи за крушевски војвода.

За време на востанието, при ослободувањето на градот Крушево, Ѓ. Наумов како стар и искусен војвода играл значајна улога во праврењето на планот за борбата.

Храбро загинал во борба со многуброен турски аскер во ноември 1904 година кај с. Слатина, Кичевско.

<< Претходна | Следна>> | Именик