Роден е во Прилеп. Потекнувал од богато трговско
семејство, а и самиот станал крупен трговец. Во револуционерната
организација влегол во 1894 година, а бил внесен лично од Даме
Груев.
Г. Попев станал член на Битолскиот окружен комитет и како близок
пријател на Д. Груев бил негова десна рака во Округот. Потоа,
тој станал член и на Централниот комитет на ТМОРО. |