Јордан Поп Јорданов (Орцето)

Роден е во 1881 година во Велес. Основното образование го завршува во својот роден град, а потоа продолжува во Солунската гимназија, кога уште пред да заврши, започнува со општествена и револуционерна дејност. Тој е еден од основачите и душата на кружокот "Гемиџиите". Орце Поп Јорданов е иницијаторот и водачот на бунтот во гимназијата, против поведението и апатијата на еден од учителите. По капитулацијата на учениците-демонстранти, Орце, со недозавршен VI клас ја напушта училишната клупа и се впушта во бурниот водовртеж на македонското ослободително движење.

За време на Солунските атентати, на 17 април 1903 година, во својот стан, во храбра борба со турските војници, загинува и Орце Поп Јорданов.

<< Претходна | Следна>> | Именик