Лазар Димитров

Роден е во с. Дренок, Дебарско, во 1869 година. Образованието го започнал во своето село и го продолжил во Солун, каде во 1888-89 год. го завршил средното образование. Две години бил учител во Дебар и Ениџе Вардар. Работел во семинаријата на Егзархијата во Цариград. Бил учител и во Одрин. Во 1901 год. се запишал да студира словенска филологија на Универзитетот во Софија, каде останал кратко време. Рано се вклучил во редовите на ТМОРО.

Во 1896 год. станал претседател на Одринскиот револуционерен комитет на ТМОРО. Како делегат на Серскиот окружен револуционерен комитет учествувал на Солунскиот конгрес на ТМОРО (јануари 1903), на кој се решавало за кревање на востание во Македонија. За време на Илинденското востание бил член на Горското началство во Охридскиот, Драмскиот и Дебарскиот востанички реон.

По војните, се населил во Бугарија, каде работел како учител.

<< Претходна | Следна>> | Именик