Лазар Поп Трајков

Роден е во 1876 година во с. Д`мбени, Костурско. По завршувањето на Солунската егзархиска гимназија, кратко време бил учител во Костурско. Таму развил голема револуционерна дејност. Турската власт го затворила и осудила на 4 години затвор, што ги одлежал во Корча (Албанија). Учествувал на Смилевскиот конгрес, каде бил избран за заменик член на Главниот востанички штаб.

Зел активно учество во Илинденското востание во Костурско, Прилепско и Мариово. Во септември 1903 година, во борбата што се водела кај селото Чаништа, и големата победа над турскиот аскер, бил тешко ранет. Бил засолнет на лекување но бил подмолно убиен од познатиот разбојник и големогрчки платеник Коте од Руља. Главата на Л.П.Трајков три дена висела пред вратата на уќуматот во Костур.

Бил познат и како поет и автор на поемата „Локвата и Вињари“. За неговото убиство предавникот Коте под Руља бил награден од Костурскиот владика Каравангелис со 50 турски лири.

<< Претходна | Следна>> | Именик