Make your own free website on Tripod.com
Љубомир Георгиев Милетич

Роден е на 1 јануари 1863 година, во семејство на учители во Штип. Завршил класична гимназија во Загреб а потоа вишо образование на Загребскиот универзитет и Карловиот универзитет во Прага. Во 1887 година тој е учител во Софиската машка гимназија, а во 1888, докторира на Загребскиот универзитет. Од 1892 год. тој е професор во Софиското вишо училиште, каде станува редовен предавач на Катедрата по славјанска филологија (1892-1934). Во периодот од 1911-1925 г. е заменик претседател на Бугарската академија на науките  а од 1926 г. до смртта е и претседател на Бугарската академија на науките. Во 1923 г. Љ.Милетич е иницијатор за создавањето на Македонскиот научен институт во Софија, од 1928 г. е негов прертседател и главен редактор на списанието „Македонски преглед“, кое започна да излегува во 1925 г.

Љ.Милетич умира на 1 јуни 1937 година како почитуван член на Руската академија на науките, Полската академија на науките во Краков, Чешката академија на науките, Југословенската академија на науките во Загреб, почесен член и почесен доктор на многу научни друштва, институти и универзитети низ светот.

<< Претходна | Следна>> | Именик