Make your own free website on Tripod.com
Лука Џеров

Роден е на 27 октомври 1870 година во Битола. Основно образование завршил во родниот град, а потоа ја завршил и Солунската егзархиска гимназија. Со револуционерна активност почнал да се бави во својот град пред создавањето на ТМОРО. Во Организацијата е вклучен лично од Д. Груев. Во 1892 год, во Софија, соработувал во списанието „Лоза“ (1892-1894 год.) и во весникот „Глас македонски“ (1893-1898 год.). На двапати со чета влегува во Македонија. Во 1896 год. е именуван за учител во Демирхисарско а потоа во Кичево (1897-1898 год.). За својата револуционерна активност одлежува нешто повеќе од една година во турските затвори во Кичево и Битола. По излегувањето од затворот присуствувал на Смилевскиот конгрес (мај 1903) и бил избран за началник на Кичевскиот востанички реон.

При востаничкиот напад на Кичево, командувал со одред од 200 востаници. По востанието се повлекол во Бугарија и таму и се приклучил на Серската револуционерна група.

Умира во Софија, на 20 септември 1948 година.

<< Претходна | Следна>> | Именик