Make your own free website on Tripod.com
Менча Карничева

Родена е на 16 март 1900 година во Крушево. По Илинденското востание се преселуваат во Димитровград, Србија, па во Софија, Бугарија. Во текот на септември 1918 година заминува на школување во Минхен, Германија. При крајот на Првата светска војна го прекинува образованието и се враќа во Софија. Се вклучува во кругот на Тодор Паница и разочарана од него и неговото дело, на 15 март 1924 година се приклучува кон ВМРО.

На 8 мај 1925 година, во виенскиот Бургтеатар, М.Карничева извршува смртна пресуда врз Т.Паница, убиецот на Б.Сарафов и И.Гарванов.

На 25 декември 1926 година станува сопруга на водачот на ВМРО И.Михајлов.

Умира 1964 година во Рим, Италија.

<< Претходна | Следна>> | Именик