Наум Златарев

Роден е во Охрид, во 1874 година. По завршувањето на образованието, извесно време работел како учител. Во Револуционерната организација бил мошне активен. Со тоа стекнал голем углед меѓу борците за македонската слобода и за време на Илинденското востание бил советник на Горското раководство на Охридскиот револуционерен реон.

Загинал на 31 август 1903 година, во една од битките на востаниците од овој реон во борбата против турската војска и башибозук.

<< Претходна | Следна>> | Именик