Пандо (Пано) Сидов

Роден е во 1878 година, во с. Жупаништа, Костурско. Уште како ученик во Битолската гимназија влегол во редовите на ТМОРО. Повеќе години бил раководител и организатор на револуционерната борба во Костурско и војвода во реонот Корешта.

Зел активно учество во Илинденското востание, каде учествува во 33 борби и со својата чета успеал прв да влезе во костурското гратче Клисура. По Востанието учествувал во многу судири против турскиот аскер и грчките андарти. Во 1910 година емигрира во Торонто (Канада) и е еден од организаторите на Македонската патриотска организација. Во Пртвата балканска војна е доброволец во бугарската армија, а подоцна останува да живее во Бугарија.

Умира во 1933 година во Крџали, Бугарија.

<< Претходна | Следна>> | Именик