Смиле Војданов

Роден е во с. Лактиње, Охридско, на 1 февруари 1872 година. Во Охрид учел прво и второ одделение, а потоа отишол во манастирот „Св. Пречиста“, Кичевско, каде учел три години. Во 1892 год. бил учител во родното село. Од 1894 до 1897 год. бил анџија во Сливово.

Во 1897 година стапил во редовите на Револуционерната организација. За време на Илинденското востание бил војвода на чета и учествувал во повеќе борби против турскиот аскер и башибозук во Кичевско, пројавувајќи голема храброст и снаодливост.

По востанието емигрира во Америка. Умира на 4 март 1958 година во г. Понтиак, Мичиген, САД.

<< Претходна | Следна>> | Именик