Солунскиот атентат и заточениците во Фезан

ЗАТОЧЕНИЦИТЕ ВО ФЕЗАН

НА ПАТ КОН МАКЕДОНИЈА[1]

На 18 август попладне главната улица во Мурзук претставуваше особена глетка, кога камилите влегоа во градот, и ние зедовме да ги товариме со облеката, лебот и водата. Камилите, што долго време живееле во песочните рамнини или по пасиштата, се плашеа од нашите облеки, од сенилата што ги носевме на главите, за да се запазиме од сончевите лачи, што паѓаа вертикално, па дури и од самите куќи. Поминаа 4-5 часа додека успеавме да ја натовариме облеката. Едни веќе ги натовариле камилите, на други камилите им се исплашиле, трчаат, мукаат, ги фрлаат пљачките, овде паднале некакви сандаци, онде полни вреќи, а некои од тулумите, наполнети со вода, од скокањето на камилите, се откачиле од самарите, паѓаат на земја, водата се излева, едни трчаат да ги фатат за вратовите камилнте, други се смеат, а множество малечки Арабјанчиња, расфрлени во групички, речиси голи, трчаат по нас, налетуваат на нас како вистински пчели, кога се ројат, да добијат некоја пара, за да си купат леб. Некое од нив, откако со големи молби ќе успее да добие еден-два гроша, трча накај лебарите, зема три-четири парчиња леб, а другите почнуваат да се туркаат меѓу себе, кое од нив да го добие делот, што му припаѓа од бакшишот. За Арабјанецот нема ништо послатко од спечеленото со милостиња или молба! На 18 вечерта сe оддалечивме на 4-5 часа од градот, и по полноќ сите се прибравме во селцето Дилим. Таму запревме да преноќеваме. Дилим е мало селце, со неколку градини, во чии бунари најдовме вода.

На 22 август попладне влеговме во Себа. Оваа оаза е иајбогатата од сите по целиот пат од Мурзук до Триполи. Градот е сместен на еден висок рид, оддалеку се чини како куп урнатини. Куќите се направени од камења и земја, улиците се многу тесни, и преку денот поради сончевата жештина, се усеќа една посебна миризма, што прилега на миризмата што се насетува кога се доближуваме до места и куќи по голем пожар. Во целиот град немаше ниедно дрвце. Меѓутоа во околноста има множество градини со безбројни палмн, зарзават и друго. Лицата на жителите беа многу жолти, чиниш долго време пателе од треска. Купишта од деца трчаа по нас и викаа: „Дојдете, дојдете да видиме луѓе со шапки!" Откако се сместивме под сенките на неколку палми, мнозина од нас си легнаа да спијат, други се зафатија да зготват топли јадења, за да се нахранат, а неколцина отидовме да поминеме низ некои улици во градот. Од Себа тргнавме за З`г`н. Далечината е 80 километри. По 20 километри пат поминавме низ селцето Тм'рхинд. Тоа има 100 до 120 куќи, убаво ѕидани, а многубројните палми и градини, сите во близина една до друга, му даваат посебен изглед. Урмите беа многу убави, водата вкусна, меѓутоа кога се доближувавме до бунарите, се усеќаше реа на ќуќур. Со својата местоположба Тм'р'хинд е иајубавата оаза во фезанската област. Од Тм'рхиид се упативме на североисток. Врвевме 5-6 часа, додека ја премннавме долината Површината на песокта, чудесно прошаркана од ветерот, мошне не забавуваше. Бевме веќе во З'г'н. Површината на земјата во З'г`н и околината со ништо не се разликува од површината на земјата во Тм'р'хинд. Куќите имаа иста форма и иста суправеност, градот е убав, улиците во споредба со оние во Себа и Мурзук се широки, а куќите убави. Кога поминувавме по улиците во З'г`н, децата бегаа од нас, викајќи: „Насара јакул нас!" (христијаните јадат луѓе). Колку и да бевме љубезни спрема нив, тие сите грижливо се оддалечуваа од нас. Во градот има само еден дуќан со колонијални и мануфактурни стоки. Месните жители имаат специфична омраза спрема сите христијани. Качени на камилите, ние им се потсмевавме на нивните зборови.

Кон 11 часот ноќта бевме кај бунарот Ум-муља-бут. Запревме таму; се сместивме на песокта крај грмушките, заваливме огнови, почнаа да се слушаат песни, а една група од нас, еден по друг ги промиваа и полнеа празните тулуми со вода. Се потрудивме да земеме колку што можевме повеќе вода, бидејќи ни претстоеше да поминеме голема пустиња, што се должеше повеќе од 190 километри, без да сретнеме каква и да е тревка или вода. Утредента навечер, на 26 август карванот продолжи. По полноќ бевме сред песочната пустиња Рамља - и - С'гир, преполнета со подвижни песочни дини, а утредента завеа силен северен ветер, атмосферата се исполни со дробна бела песок како густ чад, та едвај можевме да се видиме еден со друг. Местото веднаш заприлега онака како кога во нашите краишта падне густа магла. В зори го изгубивме патот. Цели два часа се качувавме и слегнувавме по високи песочни тумби, што ветерот ги беше натрупал по патот. Во Рамља - и - С'гир нема пат онака, како што го сметаме кај нас. Одевме напосоки, камилите едвај се движеа по меката дробна песок, бела како снег. По едно време навлеговме на една рамнина со набиен песок, што од сите страни беше заградена со високи, песочни ридишта. Неколцина од нас отидоа во две различни насоки, за да најдат попогодно место од каде да поминат камилите. Попусто. Тие се вратија кај нас, и ни кажаа дека толку загазувале во песокта, што едвај успевале да си ги извадат нозете, потпирајќи се со јаки прачки. Тие не уверија дека е апсолутно невозможно камилите да поминат. Беше голем студ. Сите се тресевме од студ Се натеравме да се вратиме пак назад, од каде бевме влегле во рамнината, и се упативме на запад. Сосем се развидели. Користејќи се од утринските сончеви лачи, што слабо поминуваа низ воздухот, презаситен со дробна песок, успеавме да го оправиме патот, кога наближивме до соседниот песочник Рамља - и Кебир (голема земја) каде видовме неколку застрчени високи карпи, одделени една од друга, што се чинеше стрчеа сред песокта само за смеа на патниците. Меѓутоа овие карпи во оваа земја, како и многу други песочници со подробни и појадри камења, смешани со земја, во пустините имаат свое значење - тие служат како белези за разликување, според кои се ориентираат жителите во пустињата. Кога ги видоа застрчените скали, камиларите се успокоија, небаре најдоа некаква опорна точка на долгиот пат. Карванот скршна на север и влеговме во Рамља-и-Кебир. Врвевме цел ден, а пред нас гледавме ширно поле со набиен песок.

На 27 август, преку целиот ден и целата ноќ одевме најбрзо колку можевме, бидејќи тулумите се стуткуваа, и повеќето од водата се испари, а ни претстоеше да поминеме уште 80-90 километри пат, додека стасаме до најблиската вода. Времето беше многу жешко, туку ние сепак патувавме. На пладнина заправме сред полето, затоа што сончевите лачи почнаа да не боцкаат како вжештени игли. Се засолнивме под сенките на тенките чадори, што ги направивме од неколку дрва, земени специјално за таква намена уште од Мурзук. Веќе испразнетите тулуми ги ставивме на песокта. Меѓутоа, тие наскоро сосем се исушија, а кожата им се вкоруби, и имаше голема опасносг да се расипат, кога ги носевме над самарот на камилите. 3а да бидат барем влажни, сиреч меки, ги ставивме меѓу другите мешини, во кои уште се наоѓаше вода. Меѓутоа, водата во нив брзо се испаруваше, а вжештениот од сонцето песок, врз кој ги ставивме, со голема брзина ја поголтнуваше водата од нив. Што да правиме? - се запрашавме. Како да ги запазиме водата и празните тулуми од сушењето. По долги договарања, Арабјаните ни рекоа да се растуриме ииз полето, и да собираме камења, врз кои да ги ставиме тулумите со вода, а меѓу нив и празните тулуми. Се растрчавме, собравме камења, ги наредивме еден до друг врз песокта и ги кладовме врз нив мешините, откако ги покривме со празни вреќи, наметки, а некои други си ги фрлија и горните облеки врз нив, за да попречат сончевата светлина да ја поголтнува од тулумите водата - единствената надеж за спас во пустињата. Значи и расфрлените овде-онде камења си имале свое значење, најдовме и за што да ги употребиме. Каква смасност, каква способност за смислување и умешност на жителот во пустињата, кога природните стихии му се закануваат на неговиот живот. Вечерта го продолживме патот преку едни високи ридови, затрупани исклучиво само со црни камења, Ја поминувавме планината Џебел ес Сода. Цела ноќ патувавме низ таа планина.

На 30 август пристигнавме во градот Сокна. Уште истиот ден кајмакамот Јаија повика четиримина од нас, за да не праша од ќе патуваме - дали преку Урфеле или Сирт. Ние одговоривме дека сакаме преку Сирт, затоа што патот преку тој град е значително полесен за поминување. Требаше да патуваме уште 6-7 денови по суша, а после, откако ќе стасавме во Сирт, со пароброд ќе стасавме за два дена во Триполи. Побаравме да ни дадат на секој по една камила, затоа што повеќето од нас бевме боси, та патувавме со мака; освен тоа немаше никакви тешкотии да се најдат камили. Во околноста на Сокна има добри пасишта и можеа да најдат достатно камили. Утредента попладне требаше да тргнеме за Сирт. Меѓутоа истата ноќ пристигна телеграма од Сирт, во одговор на телеграмата што ние ја испративме, прашувајќи кога ќе има пароброд од Сирт за Триполи. Во телеграмата што дојде, ни јавуваат дека паробродот, што кружел секои 15 дена мегу Сирт и Триполи, ззминал на поправка во Цариград, бидејќи компанијата сакала да го приспособи за друга цел, за да го направи поудобен за превозување патници крај бреговите на Босфор во Цариград. Уште се додаваше дека за 30-35 дена во пристаништето нема да пристигне иикаков пароброд. Сакале-нејќеле моравме да патуваме преку Урфеле. На 31 август вечерта излеговме од Сокна. Се оддалечивме 2-3 часа од градот, и запревме кај местото Ел Xамем. Таму најдовме топла минерална вода. Бунарот беше на самиот врв од еден висок песочен рид. Истата ноќ карванот тргна, и на зазорурање, стасавме во местото Тар. На 2 септември целиот ден патувавме низ долината Ум Авана. Таа долина е широка 6-7 часа и долга 15-18 часа пат.

На 3 септември поминавме преку едно ширно поле, а во далечината забележавме карпести ридови. Сонцето блесна на хоризонтот, а воздухот беше ладникав. Вкочанет од продлжителното јавање на камилата, слегов да се раздвижам малу. По пат се запирав крај купишта од бел момирок, чиј блесок ? даваше на месноста особена убавина. Местото кај се наоѓавме тоа утро се вика Хурмет Лим Јаља.

Од Хурмет Лим Јаља поминавме крај бунарот Буетла, преку долината Гурт-турка и на 4 септември доцна по полноќ стасавме во селото Бунцем или Меџидис. Тука се задржавмееден ден. Утредента тргнавме понатаму. На 6 септември го поминавме и бунарот 3 ем - 3 ем. Како што споменавме порано, водата во овој бунар е многу солено-горчлива. На вкус речиси како кинин, па затоа не се запревме, туку го продолживме патот преку долината Вади-бег за накај Нефет. На 7 септември цел ден патувавме преку ширната долина Вади-бег. Откако го поминавме местото Фискија, почнавме да одиме по едно рамно поле, обраснато со зелена трева, каде имаше многу зајаци, што, исплашени од карванот, скокаа низ тревите. Тој ден го изгубивме патот, бидејќи единствениот човек што добро знаеше накај е патот, се оддели од карванот, и неколку часа остана назад. Цели 7-8 часа лутавме наваму-натаму, а никако да се здогледа околноста на Нефет. Беше очигледно дека сме се оддалечиле многу од вистинската насока на патот. Оиака, потамина, скршнавме на север, одевме 2-3 часа, и едвај вечерта кон 10 часот пристигнавме во Нефет. Ова задоцнување и талкање низ долината беше причина за многу расправии меѓу нас. Тука победи благоразумноста на некои од нашите другари, инаку овие жестоки расправии можеа да имаат и жални последици. Поради тешкотиите, што ги има секој затвор, и поради присуството на неколцина слабоумни лица, со лош карактер, последните 10-12 месеци меѓу нас доаѓаше до неслога. Со жалење треба да констатирам дека во последните месеци со големи маки се доаѓаше до согласност, дури и за работи што очигледно беа од заеднички интерес за сите.

Преку целиот пат најубавата и највкусна вода ја најдовме кај Нефет. Откако го напуштивме тоа место, продолживме да одиме преку една оаза, каде сосем ненадејно падна од камилата, што ја јаваше, нашиот другар Дуле Силјанов, родум од Охрид. Во време на патот, како што споменав, мнозина паѓаа од камилите, меѓутоа, нивното паѓање немаше за последица некаква особена опасност. Нашиов другар падна врз песокта, и усеќаше големи болки во градите - едвај можеше да си поземе воздух. Моравме таа ноќ да се задржиме тука на песокта, додека нашиот другар што падна не се подоправи. Изутрината поминавме низ Софиџинското поле и полладнето патувавме пак преку едно рамно, каменлисто место. Изутрината пред да влеземе во градот Урфеле почна да врне дожд.

Вечерта тргнавме на пат, патувавме цела ноќ и утредента кон пладне пристигнавме кај Бутум. Се задржавме неколку часа, за да попасат камилите од зелената трева, што ја иаше во обилство. Уште истаа вечер тргнавме од Бутум, го поминаме Тенез'л и дојдовме до бунарот Мулга (115 киломтри од Урфеле). Кај бунаров се задржавме 4-5 часа и тргнавме накај Шаршара Оттаму преку Саја дојдовме до оазата Меџинин (60 километри). Бевме веќе близу до Триполи, ни остануваа уште 40-45 километри пат. Вечерта се сместивме на песокта, заваливме огнови, извадивме од торбите сe што ии беше останало, се гоштевавме. Смеа, песни, бескрајна радост.[2] Ние навистина бевме ослободени од затворот во Мурзук, меѓутоа уште се чувствувавме како затвореници, бидејќи животот во Мурзук и животот преку патот со ништо не се разликуваше од нашиот живот во затворот. Бевме речиси на самиот праг, на да го речеме така, пустинскиот затвор.

Откахо вечеравме, почнавме да си прикажуваме за разни случки. што ни се случија по патот. Таа вечер и самите ние се чудевме, како сме можеле да ги поднесеме сите маки што ги претргавме, како во текот на двете години така и по патот.

Утредента, на 16 септември, тргнавме уште пред да се зазори. Мнозина од нас си ги оставаа во песокта тулумите, ги напуштија камилите, и се натпреваруваа кој понапред ќе ги види морето и градот. Попладне ги здогледавме високите песочни ридови на градот Триполи.

Во Триполи нe пречекаа добро. Не сместија во една зграда, сопственост на градската општинска управа. Уште веднаш кај нас дојде кметот Асуна, за да не распраша, колкумина сме, колкумина има сосем бедни, што немаат облека, чевли и друго. Во Трнполи се задржавме една недела, а во тоа време храна ии даваа без пари од кметството.

На шестиот ден пристигна паробродот "Sumatra" на италијанската компанија Navigatione generale Italijana. Ни дадоа билети, што ги плати градската општинска управа, и на 21 септември тргнавме со бродот.

На 22 септември кон пладне пристигнавме на островот Малта. Паробродот се задржа во пристаништето 7-8 часа. Излеговме во градот, за да ги разгледаме повидните места и споменици. Таму до нас дојде еден господин, по сe се гледа
дека е некаков виш чиновник - и ни рече: „Еве сега пристигна телеграма, со која ни соопштуваат дека Бугарија се прогласила за независно царство, а бугарскот кнез Фердинанд се прогласил за цар на Бугарите. Ви ја честитам оваа радосна новост."

На 24 септември со бродот „Favignana" тргнавме преку островот Хиос накај Канеа. Морето беше многу разбранувано, и нашите стомаци, иако зајакнати од добрата храна при нашиот неколкудневен престој во Триполи, издржаа добро на морските нишкања, меѓутоа, на разјарените морски далги ништо не може подолготрајно да се спротивстави; кога морскиот бран се засили, тој диктира на сe. Со бледи лица си ги наведнувавме главите, стомаците ни се свиткуваа, како за последен пат да му се поклонувавме на Аполон. Морето не стивна дури ни кога на 28 септември паробродот запре во канејското пристаниште - на островот Крит. Бевме љубопитни да наминеме низ Канеа, да го видиме градот и луѓето - критјаните. Морето беше уште бурно.

Со големи тешкотии и страови неколкумина од нас отидоа со чун во градот, наминавме низ едно две улици, меѓутоа критјаните се однесуваа толку лошо спрема нас, што не посакавме ни час повеќе да се задржуваме во градот. Покрај сите глупави подбивања, што ни ги упатуваа по повод нашите скромни облеки и испиените лица, тие ни се потсмеваа само затоа што сме Бугари. Кога го напуштивме брегот сите, зафатени со тоа да запазиме рамнотежа во чунот што се нишаше од брановите, еден од стражарите во наше присуство рече: „Фрлете ги в море тие разбојници." Кога нашите другари, што знаеја грчки, ги преведоа зборовите на стражарот, ние веднаш се изнасмеавме. Од Канеја отидовме во Пиреј. Таму паробродот се задржа неколку часа. Само еден-двајца излеговме во градот, не забележавме ништо особено, и со возот отидовме во Атина, да го разгледаме градот, улиците, а главно Акропол, што од морето го гледавме извишен на еден висок рид. Таму успеавме да земеме неколку француски весници, од кои поподробно узнавме за превратот во Бугарија. Се уверивме дека на 22 септември бил прочитан манифестот во Трново, и многу се зачудивме, како можело толку брзо, само по два часа, на Малта веќе да разберат за тој историски акт во новата историја на Бугарија.

Вечерта паробродот тргна накај Смирна. Некои од другарите беа купили неколку грчки весника, за да почитаат на паробродот. Во еден од нив пишуваше следново: „Една група Бугари, заточеници во Фезан, пристигнаа во пристаништето, и денес ќе си го продолжат патот за Македонија, каде одат пак на заточение" (!?). Од Пиреј го поминавме островот Хиос, и на 28 септември доцна вечерта пристигнавме во Смирна. Уште ноќта отидовме во градот, и многу се зачудивме, кога видовме како по улиците цели групи најбезочно им ги земаат фесовите од главите на луѓето и им ги кинат. Прашавме што е причината за ова. Еден полициски пристав ни рече дека поради анексијата на Босна и Херцеговина се бојкотираат австриските стоки. Фесовите, иако одамна увезени во Турција, бидејќи се од австриско производство, треба да се мавнат. Во Смирна младотурците знаеја за нашето пристигнување, меѓутоа прогласувањето на Бугарија за независно царство толку многу ги беше огорчило, што дури не сакаа ни да зборуваат со нас. Јужен народ со пламени чувства. Во Триполи не пречекаа со музика, банкети а тука не сакаа ни да не погледнат. Со истиот пароброд утредента изутрина тргнавме понатаму, и на вториот ден пристигнавме во Дарданелите, каде требаше да слеземе од овој пароброд, и да се преместиме на друг, што се очекуваше од кај Цариград, за да замине за Солун, каде одевме ние. Во пристаништето Чанак-кале беше бугарскиот трговски пароброд „Борис". Турците не допуштија до него да се доближи ни еден чун. „Зошто бугарскиот пароброд е толку изолиран?" - запрашавме ние. „Има бојкот и на бугарските стоки и пароброди", ни рекоа. Паробродот, откако излезе од Дареданелскиот теснец, ги помина престаништата Деде-Агач, Кавала, Лезбос, и на 3 октомври изутрината пристигна во Солун. Со нестрпливост исчекувавме да запре паробродот, за да излеземе што поскоро на брегот. Веќе ни омрзна патувањето по море. Излеговме од царинарницата, и кој пеш, кој со кола, отидовме во неколку хотели.

По 2-4 дена се растуривме сите дома кај себеси, по различни краишта на трите округа - Солунскиот, Битолскиот и Скопскиот, - се разделивме, останавме сами, но си ги запазивме спомените за заточението во Фезан.


1. За да се доврши докрај историјата на заточениците од Фезан, ќе си дозволам да го наведам со мошне големи скратувања најсуштественото од подробниот опис на нивното враќање во татковината. (в. стр. 124-150: „На пат кон Македонија"), колку да може да се видн нивната маршрута од Мурзук до Солун.
2. По пат, каде запираше карванот, ние палевме огнови за да си подготвиме јадење или чај. Меѓутоа, не се наоѓаа секаде дрва за горење, па затоа, кога поминувавме преку некоја долина, бевме принудени да се јаздиме по височините, за да откорнеме некој сув корен, или да собереме суварки. што грижливо ги носевме добро врзани на својот грб или качени на камилата.

Почеток | <<Назад | Содржина