Писмо на Тодор Александров до Стјепан Радич, во врска со објавената статија во „Балканска Федерација“

Почитуван г. Стјепан Радич,

Ја читав Вашата статија во 2-3 број на виенското списание „Федерасион Балканик“ од 15 август 1924 година.

Имајки ја единствено предвид вистината и ннтересите на македонското и хрватско ослободително движење, се решив да Ви го испратам ова писмо, коешто има за цел да објасни некои факти што не одговараат на вистината и да објасни некои моменти во гореспоменатата Ваша статија.

Започнувам со односите меѓу хрватската републиканска селска партија и Внатрешната македонска револуционерна организација.

Внатрешната револуционерна македонска организација сакала искрено да одржува врски со Селската републиканска хрватска партија, базирајќи се иа чесното чувство и вера, дека борбата против белградската хегемонија, борбата за една федеративна Југославија, треба да биде водена заедно од сите народи, незадоволни од крвавата и груба диктатура на Белград. Такви врски, коишто Вие ги истакнувате како „формални“, „морални“, таква размена на мисли итн, за наша најголема радост, се на дело. И Вие не ги оодрекувате. А уште повеќе, ако се сеќавате, Вие бевте првиот, а не јас, којшто се изнесовте за суштествувањето на едно разбирање меѓу Селската републиканска хрватска партија и ВМРО пред рускиот новинар и општественик Л. Неманов, кој ги публикува Вашите изјави во списанието „Меркур ду Франс“, на 1 јули 1923 г.

Ќе сн спомните исто така, и јас можам да Ви ги посочам сите случаи, кога во борбата против Пашич Вие говоревте не само за врските со ВМРО, туку дури понекогаш Вие го заплашувавте Белград со нив, нагласувајќи го јасно нашиот заеднички фронт против белградската сатрапија.

Ако тоа е така, каква смисла има Вашето нагласување, дека јас „нарочно и смислено десеттина пати го употребувам зборот „врски“ во фалшива смисла“, ако не за целите на една политика практика и за да се групира тоа, кое што фактички е, со тоа кое што е формално? Но за тоа јас не можам да Ви направам никаков укор, знаејќи дека Вие сте пред сe еден прекрасен хрватски патриот.

Јас не сакам никако да кажам, дека во нашите односи имало нешто повеќе од тоа, кое што Вне го изнесувате во Вашата статија. Повеќето пати Вие бевте хуман, мирољубив, републиканец и Вие ја признававте револуцијата како ултима рацио, верувајќи дека Вие ќе ја постигнете вашата цел со легални средства.

Новото во Вашата статија е, што досега Вие мошне ретко го употребувавте зборот „работници“, кој обично секогаш го придружува зборот „селани“.

Без сомнение, новото кај Вас е декларацијата, дека врските меѓу ослободителното македонско движење и истото хрватско движење Вие ги ставате во полна зависност од едниот или друг однос на ВМРО кон владата на проф. Цанков или тој на Советскиот Сојуз. Тоа е веќе сосем ново и условниот елемент ми звучи како цврста желба ВМРО да ги признае поткажаните врски со едната или другата влада, со едниот или другиот фактор, што е еквивалентно да признае едно туѓо мешање. Дека ВМРО била секогаш коректна во своите односи со Селската републиканска хрватска партија се гледа од фактот, дека Вие во Вашиот весник и пред претставниците на ВМРО се изразивте на најласкав начин спрема моите декларации во странскиот печат и дека Вие дури ги публикувавте наново во в. „Сл. Дом“.

Никогаш не сум криел, не кријам и сега, дека ние се разликуваме најчесто во методите на борба против нашиот заеднички непријател. Што се однесува за мене, и денес, и покрај Вашата декларација, дека Селската хрватска републиканска партија е во својата суштина една револуционерна организација, јас тврдам, дека дури и Хрватите на Радич ќе се убедат, дека со српските водачи не може поинаку да се говори освен со пушка, нож и бомби. И денес, кога Вие мислите, дека сте ги уништиле корупцијата и тиранијата на Пашич, јас не верувам, дека Вие сте ги уништиле српската тиранија и корупција. ВМРО исто така останува непроменливо на својата стара позиција во нејзината борба со Белград, којашто таа не сака никако да й ја наложи на кого и да е, така како што не сака да добива директиви во императивна форма од кого и да е по однос на ставовите, коишто треба да ги следи.

Дозволете ми, г. Радич, да Ви соопштам, дека ниту кај мене, ниту кај кој и да е од моите другари, се појавила мислата да се послужи во своја полза со ослободителното движење на братскиот хрватски народ. Тоа, што ВМРО сакала, а сака и денес, е една општа согласност до моментот, во кој Македонија и Хрватска ќе имаат према Белградската дуктатура.

Јас бев непријатно изненаден од Вашето тврдење, дека јас во последно време сум направил декларации, каде што сум споменувал за односите меѓу ВМРО и Селската хрватска републиканска партија во врска со Советите, и тоа според желбата на владата на проф. Цанков, кого што Вие го посочувате како „фашист, криминален тип, корумпиран и антиселанец“.

Не сакајќи да Ви натурам никаква квалификација за сегашната бугарска влада, признавајки Ви ја полната слобода да ја судите според Вашето лично разбирање и според Вашата совест, јас треба само да го отфрлам енергично неточното Ваше тврдење, кое што Ви било натурено од заинтересираните средини, дека декларацијата потпишана од мене, и од мојот другар Ал. Протогеров, што се однесуваше за сосем туѓиот манифест од 6 мај 1924 година, за Централниот Комитет, е предизвикана од булгарската влада. Јас Ви изјавувам најкатегорично, дека владата нема и не може да има никакво учество во декларацијата, дека таа не изјавила никаква желба и дека нема да му се оддаде никакво внимание ако таа тоа и би го изразила — како ВМРО да ги определи своите односи со Селската републиканска хрватска партија и со Вас. Колку што јас имам возможност да го следам бугарскиот печат, знам, дека тој не публикувал никогаш такво коминике, но дека таа беше однапред известена — Вие разбирате со каква цел — од српските шовинистички весници.

По истото прашање, со желба да Ве ослободам од предомислената грешка на македонските и хрватските непријатели, јас Ви изјавувам, дека ВМРО не чекала заповеди и директиви од никого однадвор. Таа ги определува своите односи кон владите и другите политички фактори во потполна независност, имајки го исклучително предвид ослободителното движење, ослободено од каква и да е зависност. Таа не дозволила и нема да й дозволи на никого да й ја определува, против нејзината воља, по кој пат да оди и кои водачи да избира.

Во декларацијата на Централниот Комитет од м. август не се кажува ништо за Селската хрватска републиканска партија, ниту за Вас. Во таа декларација, обратно на Вашето тврдење, не се истакнуваат таканаречените мои врски со Вас како контраст на Советска Русија.

По однос на бугарската влада јас ќе повторам, дека ВМРО останува на теренот на неутралитетот; и најенергично ја отфрлам формулата на Вашиот соработник во „Федерасион Балканик“, комунистот г. Н. Харлаков, кој ја посакува, веднаш пред Вашата статија, најактивната интервенција на ВМРО во Бугарија, за да ја собори, заедно со работниците и селаните, владата на Цанков.

На таква партизанска позиција ние не сакаме апсолутно да ја поставиме ВМРО; таа нема да стане никому инструмент.

Во блиското минато ВМРО водеше борба со владата на Стамболиски, кој беше не само анти-македонец, туку и анти-бугарин и ултра-реакционер. Таа борба беше првата, затоа што таа влада беше првата, која што ги извалка своите раце во крвта на македонските револуционери, за да го подготви предавањето на нашата татковина на Белград. Верна на себе си, да не дозволува никому да прави трговија со Македонија, ВМРО му објави војна на Стамболиски, што до голем степен го олесни проблемот на творците на 9 јуни, без таа да се интересирала кои лица ќе го заменат тиранскиот режим: интересот на ВМРО спрема Бугарија се исцрпува во тоа — да има, да суштествува една Бугарија, управувана од луѓе, коишто не смеат да се мешаат во борбите на Македонија и да тргуваат со нејзината судбина, како што се обиде да прави Стамболиски. Ако сегашната бугарска влада би го следела патот на Стамболиски и посакала да ја растури ВМРО, во сојуз со Грците и Србите, или во својата политика се послужеше со Македонија како монета за размена, ВМРО би се борела несомнено и против неа, но со нејзини сопствени иницијативи и методи, а не по надворешни и туѓи сугестии и начини.

Организацијата секогаш и на време реагирала и против грешките и провокациите на владата на проф. Цанков спрема неа.

На едно место Вие заобиколено алудирате, а г. Харлаков во истото списание говори јасно за други групи на револуционерното македонско движење. Очевидно се однесува за „федералистите“ — бандити на служба на Пашич, со злоделата коишто преминуваат секаква возможна квалификација. Последните, дури и сега и при режимот на г. Давидович, којшто управува исклучително по Вашата волја, ги продолжуваат своите крвави подвизи. Срцето ни се стега од болка, когато Вие самиот, заблуден од нивните претставници во Виена, во Вашиот „Сл. Дом“ бр. 11, сте погледнале на тие бандити како на идеолози. Ни беше тешко тогаш, тешко ни е и сега, што Вие имате врски со тие, коишто им се вдахновители во Виена. Но сега, кога сте во Белград со Вашата партија, и кога Вие имате веќе дел од одговорноста за положбата во Македонија, Вие можете сам или преку Вашите луѓе да ја видите на место ужасната дејност на тие бандити, убијци, коишто продолжуваат да се на служба на г. Давидович. Претставникот на ВМРО во месец март 1924 година Ви представи еден долг писмен извештај на хрватски, а и усно Ви објасни за акциите на „федералистите“. Тогаш Вие се задоволивте со едно мало соопштение во Вашиот весник и не ја публикувавте статијата-демант. Јас Ве потсетувам со тој факт, за да истакнам, дека додека ВМРО никогаш не се решила да земе учество во внатрешниот живот на Селската хрватска републиканска партија, Вие не можевте бар да останете неутрален и ја презедовте тешката одговорност пред хрватскиот народ, покажувајќи му ги преку Вашиот весник вулгарните бандити, обележани со белегот на убијци на нивниот народ, како некакви си идеолози.

Резимирајќи, што се однесува до Вашата статија, јас Ви изјавувам:

1. Јас не сум говорел во мојата декларација од минатиот август за врските на ВМРО со Селската републиканска хрватска партија, и особено со Вас,

2. Не сум кажал никогаш, дека моите врски со Вас се мотив на контраст со Советска Русија,

3. Јас не сум ги увеличил и засилил нарочно со лоши намери врските на ВМРО со Селската републиканска хрватска партија,

4. Бугарската влада не ми адресирала никаква интерпелација по однос на моите врски со Советска Русија и со Вас,

5. Декларацијата на ВМРО од м. август, потпишана од мене и од мојот другар г. Протогеров, која што го изразува само гледиштето на ВМРО и на ослободителното македонско движење, е акт на Централниот Комитет.

6. Македонското движење е едио и единствено,

7. Како во минатото, и сега ВМРО гледа на ослободителното хрватско движење — исполнето со идеализам и хуманост — со најголеми симпатии и восхити. Како во минатото, така и денес ВМРО верува искрено, дека за да се разруши српската хегемонија и за да се ослободат потиснатите народи и се постигне еден среќен социјален, политички и културен живот за слободните и независни народи, што живеат во царството на Србите, Хрватите и Словенците и на Балканот, се апсолутно неопходни координираните усилби на народите, што се борат за слободата и независноста, но без едно странско старателство. При такви гледишта на ВМРО не останува друго, освен да жалам, ако поради предомисленото мешање на непријателите на Македонија и на Хрватска, коишто успеале да Ве заблудат, на личности и групи, се прекинуваат врските и контактот меѓу ослободителните движења на Македонија и Хрватска, од што ќе спечали нашиот заеднички непријател.

Надевајќи се, дека сум успеал да ја растерам заблудата, која што непријателите нарочно ви ја всадиле, и да објаснам некои моменти од Вашата статија, јас Ви ги испраќам моите големи почитувања.

Тодор Александров.

<<Назад | Почеток