Демант на Задграничното претставништво на ВМОРО за клеветите на Турската влада за ѕверствата вршени од востаниците

29.07.1903 год.

            Веднаш по објавувањето на востанието Турската влада започна да распространува во странство неточни извештаи за ѕверства, вршени од востаниците во Битолскиот вилает спрема мирното муслиманско население во тој крај. Очигледно тоа се прави со наамера да бидат оправдани како предизвикани оние башибозучки насилства, на коишто светот ќе биде сведок при смирувањето на побунетите робови. Затоа делегатите на револуционерната организација сметаат за потребно да истакнат пред заведеното општество, дека на општиот конгрес на организацијата, што беше на 5 јануари во Солунско, и на окружните конгреси, што беа на 22 април во Битолско, на 10 јуни во Пиринско, на 28 јуни во Одринско и на 5 јули во Скопско, се заземени решенија, согласно со коишто во повикот за востание, упатен кон веќе борбеното македонско-одринско население, е кажано: „...Ние земаме оружје против тиранијата и нечовечноста; ние ратуваме во името на слободата и човечноста; впрочем, нашето дело стои повисоко од било какјви национални и племенски разлики. Поради тоа ние треба да ги наречеме свои браќа сите страдалници во темното царство на султанот. Како нас Бугарите стртадаат и Власи, страдаат и Грци, страдаат и самите селани Турци. Ако денес гркот и турчинот не се борци во нашите редови, ние тоа го оддаваме на нивното незнаење и не можеме да ги третираме како непријатели, ниту дури да ги споменуваме како такви. Наш непријател е само турската власт и онај, кој излезе со оружје или со клеветење против нас или отиде да се расправа со незаштитените старци, жени и деца наместо со нас; со него ќе се биеме, нему ќе му се одмаздуваме...“

            Затоа им запобведаме на сите да дејствуваат согкласно решенијата на Централниот м. о. Конгрес и на реонските конгреси. Точките 4, 5 и 6 од тие конгресни решенија гласат:

            „4) Напаѓање според можностите на секоја турска вооружена команда, било таа војска или башибозук.
5) Бранење на христијанското население, вклучително и туѓите поданици од турските напади.
6) Се забранува да се напаѓа мирното турско население и да се посега на турски жени, деца и старци.“

            Востанатото добро ги разбра своите раководители. И делегатите на револуционерната организација, отфрлајќи ги со огорченост клеветите на турските власти, изјавуваат со најголема сигурност и категоричност, дека досега востаниците не им наштетиле ни за влакно на невин Турчин или воопшто на човек од небугарска народност.

<<Назад | Почеток