Make your own free website on Tripod.com
Ѓорѓија Пулески

Роден е во с. Галичник во 1838 година. Како печалбар (ѕидар), живеел и работел во Србија, Романија и Бугарија. Во 1862 год. учествувал во борбите против турскиот гарнизон во Белград. Учествувал и во Руско-турската војна (1877-78) и командувал со македонска доброволечка чета, која се борела во Одредот на рускиот генерал Горко во борбата кај планинскиот превој Шипка (Бугарија). Потоа зел учество во борбите за ослободување на Софија, Ќустендил и Горна Џумаја. Учествувал и во Кресненското востание (1878), како војвода на чета.

Како македонски учебникар напишал два учебника: „Речник од четири јазика“ и „Речник од три јазика“, кои ги објавил во Белград. Во Софија ја издал својата „Македонска песнарка“.

Умира како емигрант во Софија, во 1894 година.

<< Претходна | Следна>> | Именик