Роден е 1884 година во Вевчани, Струшко.
Од 1901 година е четник во четата на Т.Горанов, а за време на Илинденското востание е четник во четата на Л.Групчев. По востанието е војвода на своја чета во Струшко.
На 10 април 1907 година, се засолнил во куќата на неговиот вујко Трпе Шекутков, но турскиот аскер дознал уште истата вечер и ја сардисал куќата. Во нерамноправна борба, гинат и домаќините а војводата се самоубил со последниот куршум. |