ж
Спомени - Ангел Андреев

ПРЕДГОВОР

Спомените на Ангел Андреев ги дополнуваат сведоштвата за дејствата на ревизионата чета на капетан Давидов до неговата смрт, како и нејзината натамошна судбина. Освен тоа Андреев дава интересни детали за востаничката борба во Преспанско, кај што тој дејствувал во текот на востанието како војвода на дел од востанатите села, потчинет на преспанскиот реонски началник Кокарев. Во овие спомени е забележлива подготвеноста на бугарското население и во тој далечен крај, кај што грчкото влијание е многу силно, па многу села се гркомански, какво што е и родното село на Андреев – Рудари, исто и Герман итн. - да се борат за ослободување од Турците, жртвувајќн го најмилото.

Љ.М.

<<Назад | Напред>>