Make your own free website on Tripod.com
Прилог објавен во лондонскиот весник „Тајмс“ на 4 јануари 1924 година

Александров од Македонија ( Шифра на одметникот)

(Од нашиот специјален дописник)

            На Српско-Бугарската граница.

            Рајко Даскалов, кој заедно со Стамболиски презеде горчлива кампања против Македонската Револуционерна Организација, беше убиен мионатото лето во Прага, каде што претходно беше бугарски министер. Неговиот атентатор, Николов, после тоа беше обвинет, ослободен и повторно уапсен. Тој беше уапсен врз основа на тоа што тој беше агент на Тодор Александров, водачот на Револуционерите. Серијата на настаните, го обнови интересот за активностите на Македонците.

            Тогашниот водач на Револуционерите беше Тодор Александров, кого штотуку го имав посетено. Независно од тоа какви беа мислењата во врска со правилноста или неправилноста на целта која ја бранеше, како и методите кои ги употребување, тој и неговата организација создаваа основа за интересно проучување. Доживотно верувајќи во паролата МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ, а исто така и Комита, Александров го презеде водството на револуционерното движење во 1919 год. Тој претходно живееше во Софија, но Стамболински го имаше уапсено и затворено. Неговите пријатели го организираа неговото бегство и тој премина во Македонија, каде што од тогаш живееше со живот кој треба да е виден – за да се верува во него. Решавајќи да организира револуционерно движење против Србите и Грците, кои со Мировниот Договор опфаќаа поголем дел од Македонија, Александров го реорганизираше стариот Македонски Комитет, кој постоеше уште за време на Турците, во 1893 год. Заради исполнување на оваа задача тој принудно стана одметник, а за неговата глава беше ставена награда од преку 2000 долари и тоа од Српските власти.

            Тој водеше скитнички живот, посветен на создавањето на автономна Македонија. Секогаш пешки и секогаш ноќе, Александров патуваше низ Македонија, но како и да е, без изложување на опасност од влегувањето во големите градови, како што беа Салоника или Монастир. Во зима живееше во некоја скромна селска колиба; во лето спиеше под отворено небо. Денски тој мируваше. Никогаш не останувајќи повеќе од 2 до 3 дена на исто место, тој беше придружуван од мала група на предани пријатели. Главната преокупација на оваа група беше да не влегуваат во конфликти со Српските или Грчките власти, туку да ги поставуваат и да ги контролираат различните комитети кои за време на последните 3 години се проширија речиси во секој град и село.

Роден борец.

            Кога бев поканет даё го посетам Александров, признавам дека најнапред помислив на мојата лична безбедност. Во деновите кои одминуваа, Македонија ја биеше репутација (глас) за постоење на разбојништво и безаконие, која, Револуционерната Организација изгледаше како добро да се стреми да ја негува. Но, токму состојбата беше спротивна. Со помош на моторно возило, коњ и пешки, пропатував околу илјада милји низ дива и планинска земја. Насекаде, растечкото селанство објавуваше дека грабежите и криминалот се работи од минатото. Како никогаш порано, годишното време и условите за патување ми изнудија воздишка на олеснување кога, едно таинствено утро, курирот, кој остана потполно пасивна фигура за време на целото патување, шепотењше: Сега ќе го видите Старио.

            Една минута подоцна се сретнав со Александров – висок, силно граден човек на 42 години, облечен во темно кафеава униформа што влијаеше врз Организацијата. Пар челични очи и усни можат да бидат весели за време на разговор, но, во контраст на тоа можат да бидат многу строги (сериозни); полна воена опрема, која ретко кога ја вади од себе; службена војничка пушка која се потпира на ѕидот; и Александров почна да ми објаснува зошто го живее тој живот. Тој имаше само една замисла, а тоа беше – единствено прогласување на Автономна Македонија со главниот град Салоника.Тој изјави дека населението нема да го толерира владеењето на Србите, Грците, Бугарите, и бидејќи двете бивши држави одбија да му дозволат на народот каква и да е слобода во говорот и религијата, тогаш само вооружената борба можеше да им го донесе она што го сакаа. Што се однесуваше до неговите извори на муниција и луѓе, тој рече дека, со оглед на тоа што Македонците не претендираат припојување на некоја територија, туку само сакаат да му го направат животот невозможен на владеачките сили, нивен начин на борба беше нередовното војување. За тоа не им беше потребно да имаат некаква артилерија. Им одговараше да ги водат своите битки со пешадија, иако можеа, по потреба, да употребуваат и коњи. Имаа голема залиха од војнички пушки, бомби и муниција, поради тоа што последните неколку војни доведоа до вооружување на речиси секој селанец. 

            Оружје и Луѓе

            Што се однесува до јачината на неговите сили, Александров тврдеше дека само во Македонија тој може да мобилизира приближно околу 150.000 луѓе. Како и да е, тој нагласи дека голем дел од овие луѓе се сегашни граѓани и дека само неколку илјади Комити (групи од вооружени луѓе) се наоѓаа „на борбена нога“. Тој не се осврна на Македонците надвор од границите, но се мислеше дека во моментот на кревањето, илјадницџи луѓе кои сега беа во Бугарија, ќе се соединат со нив. Запрашан за можниот датум на кревањето на Револуцијата, тој одговори дека околностите сеуште и севкупно не им беа наклонети. Ова ме наведе да помислам дека Организацијата сеуште не ги имаше направено потребните подготовки. Освен ова, јас заклучив дека ќе бидат акумулирани и поголеми резерви на оружје и муниција. Александров продолжи со тоа што рече дека се надева дека Хрватите, Словенците и Црногорците, во еден подолг период да ги отфрлат легалните методи наместо нелегалните, против Србија; тогаш, ќе може да се крене комбинирано востание.

            Запрашан за тоа дали е можен компромис помеѓу Организацијата и водечките власти, тој одговори дека многу Срби кои сега живеат во Македонија сватија дека постоечката ситуација е екстремно незадоволувачка, но дека партијата на Пашиќ, главниот државник на Србија, се покажа како нефлексибилна во нивната желба да се уништи Македонија. Но, објасни тој, Турците се обидоа да не уништат безброј години; не успеаја и затоа, важно е да се запомни дека тогаш, значаен дел од Турската популација беше против Револуционерната Организација; сега, Турците се со нас и јас нагласувам дека сега сме посилни од кога и да било порано. Александров призна дека бил поврзан со Турција, но лесно можеше да се види дека тој не полага многу надежи во помошта од надвор. Неговото движење е Македонско и тој се надева да го донесе во сојуз со другите делови на штотуку формираното Труинско Царство. Истовремено, тој ја манифестираше волјата на Организацијата да се подложува на било кое непристрасно испрашување за ситуацијата во Македонија од страна на Големите Сили, Лигата на Народите, или група на независни новинари. Во додаток, тој изјави дека доколку обидот за автономија не успее, Организацијата со задоволство ќе го прифати ставањето на Македонија под заштита на некоја од Големите Сили, по можност Англија.

            Што се однесува до врските на Организацијата со Бугарија, тој се радуваше на падот на Стамболиски и неговите следбеници, кои во желбата да создадат Федерално  Македонско Движење, беа првата Бугарска влада која, кога и да е, се прикажала себе си како отворено непријателска кон аспирациите на Македонскиот народ. Тој ги окарактеризира македонските федералисти како група од 2-3 стотини личности, потплатени од Србија, кои немаат ниту влијание, ниту важност. Тој нагласи дека Македонското Движење на никој начин не е управувано од Софија и многу категорично негираше дека бил во Бугарија или дека зел учество во јунскиот преврат.

            Зборувајќи за смртта на Стамболиски, тој ја отфрли идејата дека неговата организација е одговорна за тоа, но додаде дека е многу возможно дека неговата смрт била остварена од еден или повеќе македонци кои сакале да му нанесат зло. Од друга страна, тој призна дека убиството на Даскалов, кого го опиша како демагог над демагозите, е дело на организацијата. Во врска со тоа, тој ми покажа протест, кој организацијата го адресирала до Чешко-Словачката Влада во врска со повторното апсење на Николов, атентаторот. Александров сметаше дека откако Николов еднаш веќе бил ослободен од обвинение од страна на Чешкиот суд на правдата, не постоеше никаков случај против него и дека тоа е поради тоа што српскиот печат зазел толку непријателски и злобен став, кој чесите го сметале за претходница на неговото повторно апсење.

            Закон и Обичаи (морални норми)

            Александров тогаш се насочи кон зачувување на организацијата и на нејзините врски со цивилното население. Ниеден од војниците не беше платен. Нив ги вооружуваше и облекуваше Организацијата, а населението им даваше бесплатна храна и сместување. Луѓето плаќаа прогресивни даноци кои исклучиво беа наменети за набавување на оружје и облека. Тие сметаа дека вреди да ја поддржуваат Организацијата, бидејќи, како што Александров значајно истакна, мнозинството од сиромашните селани не ја разбираат потполно борбата за слобода, но сите до еден сфаќаат каде лежат нивните интереси. Со тоа, Организацијата добиваше големи привилегии. Имаше свои правни власти, на кои, како што Александров истакна, луѓето првенствено им се обраќаа, наместо на српските и грчките судови. Исто така, постоеше и многу строг кодекс на морални норми за сите членови и секое неморално однесување на дело или на зборови беше сурово казнувано. Освен потиснувањето на сите видови криминал, организацијата воведе и реформи кои придонесуваа за севкупно подобрување на животните услови. Овде, посебно значење му се придаваше на семејното живеење и се укина системот според кој мажите ги одбираа младите девојки за сопствено задоволство, а потоа ги земаа за свои сопруги. Сега, секоја девојка, беше слободна во изборот на својот сопруг кој и се допаѓаше. Врските помеѓу работодавачите и работниците беа надгледувани од Организацијата, а неодамна беше регулирано и едно битно прашање во тутунската индустрија. Во определени региони трговците со тутун плаќаа само по 70 лева за колограм на производителите, додека реалната цена изнесуваше околу 120 лева. Тогаш настапи Организацијата и делуваше врз трговците, што резултираше со плаќање на пазарни цени, што влијаеше селанството да стане нејзин приврзан член (партизан). Исто така се делуваше и на полето на земјопоседништвото. Ако земјопоседникот одлучеше да ја продаде својата земја, организацијата настојуваше таа да биде разделена, по чисто номинални цени, помеѓу селаните кои ја обработуваа. Овие примери за активностите на организацијата покажуваа дека атентатите и планирањето на Револуцијата не го одземаа целото нејзино време. Заснована на демократски принципи, организацијата не зависеше сосема од поддршката на селаните. Побогатите слоеви го почитуваа нејзиното постоење, бидејќи претходно тие воопшто не се осмелуваа да патуваат низ земјата поради големиот ризик од пресретнување на вооружени бандити. Сега тоа беше подобрено и како што Александров истакна, со огромна доза на правда, се потврди дека – Организацијата е народот, а народот е Организацијата.

            Смртната пресуда.

            Толку многу е кажано за моќта на организацијата за отстранување на која било личност или личности кои се непријателски расположени кон нејзините цели, така што со огромен интерес ја читав листата на оние кои беа осудени на смрт. Неколкумина веќе беа погубени и Александров ме убедуваше дека крајот и на другите сигурно ќе дојде. Усвоените методи беа исти како и во другите тајни здруженија. На личностите задолжени да ги извршуваат погубувањата им беше зададено и точното време за извршувањето на нивните задачи. Ако не успеваа, тогаш самите се убиваа. Смртната казна вообичаено беше најавувана со најмалку едно писмо на предупредување, но во некои случаи беше извршувано и веднаш. Македонците по природа се таинствени во врска со напорната егзистенција која ја водат, но, во некоја рака е невообичаено дека и за подолг период, тие никогаш не ја пропуштаат својата освета. Можеби причината за нивниот успех лежи во посебната форма на идеализам, која ги анимира членовите на организацијата. Секоја личност, машко или женско, има улога која му е определена, а потпишувањето на смртната пресуда од страна на Тодор Александров е сигнал за почетокот на работата на целата машина. Наредбите, дури и наједноставните, секогаш се во рачно напишана форма. Регуларен синџир на курири, денес се протега низ цела Македонија. Јас бев сведок на работата на еден синџир и открив дека е невероватно ефикасен. Секој курир има свој дел и вообичаено, тој е жител на регионот низ кој патува и го познава секој агол и секоја пукнатинка на таа земја. Понекогаш, смртните казни, како во случајот на Даскалов, мораше да биде изведена надвор од земјата. Ако е така, тогаш неофицијалните претставници кои ја претставуваат организацијата во Софија, Константинопол, Будимпешта и другите европски главни градови, се повикуваат, за да го одиграат својот дел. Организацијата всушност е огромен октопод, кој своите пипала ги има раширено над поголем дел од југо-источна Европа. Амбициите на Александров се еден ден таа да има официјални претставници, акредитирани во секоја Европска земја. Сепак, дури и денес во Револуционерната Организација егзистира факторот, со кој ниту големите, ниту малите европски сили не смеат да си дозволат да не се сложат.

            Зимскиот ден се ближеше конкрајот и време беше да го напуштиме Алекјсандров. Пред нас беше поставена некаква вечера, составена од кокошка и ориз, која ја залеавме со чај од липа. Александров јадеше нападно и наскоро ја зазеде неговата омилена поза, седејќи со прекрстени нозе, со главата завратена на назад, очите полу-затворени, а рацете испружени нанапред кон огнот. Израз на мрачна строгост му се појави на лицето и самиот поглед на него носеше со себе незаборавен впечаток на извонредно значаен човек. Целата посета наликуваше на сон. Можно ли беше ваква организација да може да постои во 20-от век? Стапките надвор од куќата брзо ме вратија назад во стварноста. Снегот паѓаше, а Комитската група се собираше за смотра. Нејзиниот водач се имаше истакнато во неодамнешниот судир со водечките власти и затоа, Александров, во краткиот говор, го одликуваше со Орден за заслуги. Комитите, кои претежно беа млади луѓе, високи по 6 стапки и повеќе, го поздравија својотводач, а потоа тивко се оддалечија. Неколку минути подоцна јас се упатив по мојот пат, заедно со мојот не малку безначаен телохранител. Александров ме испрати и веднаш се упати на 20-километарски марш во некое друго селце, за да продолжи со своите проповеди за МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ.

<<Назад | Почеток