Аргир Маринчев

Роден е во 1870 година во Охрид. Како учител во родниот град тој се оддал на револуционерна дејност, поради што бил во лоши односи со егзархискиот владика.

За време на Илинденското востание станал војвода на просторот меѓу Битола и Охрид и во борбите против турскиот аскер имал повеќе успеси. На 30 и 31 август, меѓу селата Речица, Куратица и Свиништа, кај месноста Рашанец, каде беа сместени околу 1700 души после опожарувањето на нивните села, со својата чета останал да се бори до последниот момент. Тој и неговите четници го задржувале непријателот се до претпоследните куршуми. Последните ги задржале за себе, извршувајќи саможртва.

<< Претходна | Следна>> | Именик