Аргир (Наков) Манасиев

Роден е во 1873 година во с.Сехово, Гевгелиско. Средно образование завршува во Солун и работи како учител во Гевгелиско. Во Организацијата стапува во 1894 година. Во 1901 година е секретар во четата на К.Булгаријата. Тој е член на реонското раководно тело во Кавадарци и долгогодишен војвода на Гевгелискиот реон. Како реонски војвода учествувал во многу битки против турскиот аскер пред, за време и по Илинденското востание.

Во 1905 година е делегат на Рилскиот конгрес на ВМОРО.

За време на Балканските и Првата светска војна е околиски управник во Македонија. По војните Манасиев се населува во Г.Џумаја, каде што станува секретар на Окружната училишна инспекција.

Умира на 7 октомври 1932 година во Горна Џумаја, Бугарија.

<< Претходна | Следна>> | Именик