Атанас Бабата (Димитров - Иванов)
Роден е во с. Синитево, Пазарџиско, во 1875 година. Истакнат деец и војвода од Илинденскиот период. Бил раководител на повеќе револуционерни реони (во 16 реони). Се истакнувал со голема храброст, смиреност и презир кон смртта. Учествувал во преку 30 борби со турскиот аскер. За време на Илинденското востание дејствувал во Кратовско. По востанието својата дејност ја продолжил во Македонија.

На 25 јуни 1905 година со 13 другари бил опседнат од турскиот аскер меѓу селата Куклица и Пендек (Кратовско). Се развила нерамна борба која траела полни 11 часа. Согледувајќи ја безизлезната состојба, извикувајќи „Да живее слободна Македонија“, извршиле саможртва, уништувајќи го претходно своето оружје и архивата.

<< Претходна | Следна>> | Именик