|
Роден е во Прилеп во 1874 година. Повеќе години
бил учител во прилепските села, а потоа во Прилеп и Ресен. Многу
рано се вклучил во редовите на Организацијата. Бил член и секретар
на Првиот револуционерен комитет во Прилеп.
Иванов бил организатор на повеќе терористички групи. Бил затворан
неколку пати. Во 1902 година се приклучил во четата на П.Ацев,
а во 1903 година во четата на Христо Оклев-Попето, каде бил
секретар. Тој зел активно учество и во Илинденското востание.
Во 1904 година се префрлил во Бугарија, каде што и починал. |