Атанас Кршаков - Насо
Роден во с. Косинец, Костурско. Учествувал во револуционерните борби уште пред Илинденското востание. Еден месец пред Востанието бил потешко ранет во една борба со турскиот аскер и поради тоа не можел да земе учество во борбите во текот на самото Востание.

По Илинденското востание, како војвода на чета водел повеќе борби против турскиот аскер и грчките андарти. Во една од тие борби, во 1907 година, кај с.Грче, Костурско, загинува и војводата А.Кршаков.

<< Претходна | Следна>> | Именик