Роден е на 3 март 1872 година во Скопје. Завршил
педагошко училиште во родниот град, а потоа и воено училиште во
Софија. Ја напуштил офицерската должност и со своја чета од 120
луѓе се вратил во Македонија за да земе учество во Илинденското
востание. По востанието заминал во Санк Петербург, каде го продолжил
военото образование и завршил воена академија.
Како полковник во бугарската армија учествувал во Балканските
и Првата светска војна.
Загинал на 26 мај 1917 година, како командир на 9-тиот пешадиски
полк, во борбите на Македонскиот фронт, кај реката Црна, Битолско. |