|
Роден е во с.Крушево, Серски Демирхисар. Се
школувал во родното село, педагошко училиште во Сер и богословија
во Самоков. Завршува право во Лозана (Швајцарија). По враќањето
станува учител во Сер, а во 1902 година станува член на ТМОРО,
а потоа бил назначен за драмски околиски војвода. Го придружувал
Г.Делчев во ревизија на четите во Серскиот револуционерен округ.
На 4 мај 1903 година, кај с.Баница (Серско), заедно со Г.Делчев
и уште неколку други војводи загинале во борбата со турскиот
аскер. |