Димитрија Д. Чуповски

Роден е во с.Папрадиште, Велешко, во 1878 година. Се школува во Крушево, Софија и Белград по што се враќа во родното село и работи како учител. Кратко потоа заминува за Русија каде учи во Новогородската семинарија, а во 1900 година се запишува во Петерсбуршката семинарија.

Тој е еден од основачите на Македонското научно – литературно другарство во Петербург и негов претседател цели 15 години (1902 – 1917).  Во 1905 почнува да излегува првото научно литературно и општествено – политичко списание „Вардар“, а во 1913 год. била изработена и напечатена и првата етнографска карта на македонски јазик на етничка Македонија. Во рамките на другарството во 1913/1914 год. биле публикувани и 11 броја на списанието „Македонски Голос“.

Умрел во Петерсбург, Русија, на 29 октомври 1940 година.

<< Претходна | Следна>> | Именик