Дине Абдурахманов Кљусов

Роден е во с.Петеле, Леринско. Во редовите на Организацијата влегол уште во 1896 година. Во 1902 год. се наоѓал во четата на војводата Марко Лерински, со кого бил близок пријател. Кога оваа чета на 26 јули 1902 год. влегла во борба со илјадната турска војска кај селото Петеле и Дине бил во неа. По загинувањето на војводата М.Лерински, Дине со помош на сестра му, уште цели 6 дена се борел со аскерот. Кога му привршиле патроните, последниот го употребил за себе и жив во турски раце не паднал. Тоа било точно една година пред почетокот на славниот Илинден, на 2 август 1902 година.

<< Претходна | Следна>> | Именик