Добри Даскалов

Роден е во Кавадарци. Рано се вклучил во револуционерната дејност и станал војвода во Тиквешијата. Иако не се согласувал со предвремено кревање на востание, кога веќе станало Добри зел активно учество во востаничките борби.

Во 1904 година улчествувал на Конгресот на Битолскиот револуционерен округ што бил одржан на планината Мукос. По определбите бил близок соработник на Ѓ.Петров. За време на Хуриетот бил соработник на Ј.Сандански.

Загинал од врховистите во 1910 година.

<< Претходна | Следна>> | Именик