Make your own free website on Tripod.com
Ѓакон Евстатиј (Георги Шкорпов - Димитров)

Роден е во 1873 година во с. Нестрам, Костурско. Уште на 15-годишна возраст отишол во Хилендарскиот манастир на Света Гора. Посветен во револуционерното дело од Д. Груев. Во јануари 1903 година дошол во Битолско. За време на Илинденското востание бил избран за началник на Ѓаватскиот востанички реон. По востанието останал со Д. Груев и зел активно учество во работата за зацврстување на редовите на Организацијата во Битолско.

За време на Балканските и Првата светска војна раководи со чета.

Умрел во Софија, на 20 март 1935 година.

<< Претходна | Следна>> | Именик