 |
Роден е во с. Ореовец, Прилепско, во 1883 година.
Основно образование завршил во Прилеп, а потоа учел педагошко
училиште во Скопје. Во 1903 година станал четник во четата на
својот брат Петар, а потоа бил назначен за околиски војвода во
Прилепско. Две години водел огорчени борби против Турците, андартите
и српските врховистички чети.
На 25 јуни 1906 година, во заседа во месноста „Куртов Камен“,
поставена од Србите, падна и војводата Ѓ. Ацев. |