Георги Баждаров

Роден е на 8 февруари 1881 година во с.Горно Броди, Серско. Се школува во Солун (1896-1899 год.), Битола (1899-1900 год.) и Софија (1907 год.). Учителствува во с. Крушево, Демирхисарско (1900-1901 год), Солун (1908-1913 год.), Варна и Софија. Од 1901 до 1903 год. е четник во четата на Ј.Сандански. Во 1903 година е делегат на конгресот на Серскиот револуционерен округ.

Активно учествува за време на Илинденското востание.

Од 1919 до 1923 год. е главен редактор на в. „Македонија“. На конгресот на ВМРО од 1925 год. е избран за задграничен претставник. Еден е од основачите на МНИ, редактор на „Македонски преглед“, „Учителски глас“, „Искра“ и автор на неколку книги.

Тој е жртва во меѓусобните борби на ВМРО. Убиен е како протогеровист, на 19 септември 1929 година во Варна.

<< Претходна | Следна>> | Именик