Григор Манасиев

Роден е во Кратово. Завршува педагошко училиште во Ќустендил и работи како учител во Кратово. Од 1897 година до 1898 година е раководител на Кратовскиот револуционерен комитет. За време на Виничката афера е затворен и подложен на жестоки измачувања. До 1901 година е во затвор во Приштина.

На 25 септември 1903 година, кај с.Луково, Кратовско, во борба со турската војска тешко се ранети заедно со поручник И.Топчев и за да не бидат фатени двајцата се самоубиваат.  

<< Претходна | Следна>> | Именик