Иван Анастасов - Грчето

Роден е во 1880 година во Мелник. Учел во родниот град и во Серес, а потоа станал егзархиски селски учител.

Во МРО бил вклучен од Г. Делчев, кој го зел под своја заштита. Како револуционерен агитатор работел во Петричко, Поројско, Демирхисарско (Серско) и Струмичко. По 1901 година активно се вклучил во борбата против врховистите, особено во Петричкиот крај. Во Илинденското востание учествувал како војвода на чета во борбите во Драмска околија.

Загинал во една борба со турската војска во 1905 година.

<< Претходна | Следна>> | Именик