|
Роден е во 1878 година во с. Чарлија, Битолско. На 19-годишна
возраст отишол на печалба во Романија. На 22-годишна возраст
се вклучил во Организацијата. Станал четник во четата на Ѓорѓи
Сугарев и како четник зел учество во Илинденското востание.
Во 1904 година бил назначен за реонски војвода во Битолско поле.
Заедно, Могилчето, Крало и Пашата извршиле повеќе атентати врз
озлогласени турски насилници. Еден од тие бил и убиството на
по зло познатиот турски насилник Шефки-Ага, извршен на 1 јули
1905 година кај с. Могила, Битолско.
Во една борба со турскиот аскер Ј. Пашата бил ранет. Другарите
го извлекле и го однеле во Битола на лекување. Меѓутоа, не успеал
да оздрави и починал во 1906 година. Погребан бил во Битола,
во црквата Св. Недела, до самиот олтар. |