Иван Караџов

Роден е во 1875 година, во с. Лешко, Горноџумајско. Основното образование го завршува во родното место. Потоа трети клас во Цариград, па во Солунската гимназија, каде што станува член на ВМОРО. После завршувањето учителствува во Горна Џумаја и Скопје, каде раководи со пејачки хор и оркестар. Во 1902 год. ја завршува Петерсбуршката императорска пејачка школа по што е назначен за учител во Сулунската машка гимназија.

Додека учителствува во Серското педагошко училиште (1905-1907 год.) тој е и окружен раководител на ВМРО. Од 1913 до 1930 год. учителствува во Горна Џумаја. Тој е близок соборец на Т. Александров. Во 1928 год. е избран за член на Централниот комитет во крилото на И. Михајлов, но три години покасно се откажува од здравствени причини.

Умира на 26 мај 1931 година.

<< Претходна | Следна>> | Именик