Make your own free website on Tripod.com
Јане Сандански

Роден е на 18 мај 1872 год. во с. Влахи, Мелничко (Санданско). Завршил основно образование и втори клас. Две години потоа како чирак го изучува чевларскиот занает. Две години работел како молбописец, помошник адвокат во адвокатската канцеларија на својот вујко, а потоа самостојно. Во МРО стапил во 1899 година после неговото запознавање со Г. Делчев. Во Пиринскиот крај, формирал своја чета со која дејствувал и станал непомирлив борец против врховизмот.

Заедно со војводите Х. Чернопеев и К. Асенов, во август 1901 год. го организирале грабнувањето на американската протестантска мисионерка мис Елен Стоун за откуп од 14000 турски златни лири.

После убиството на Г. Делчев, станува раководител на Серскиот револуционерен округ. За време на младотурскиот режим (1908 – 1912 г.) се наоѓа на чело на основаната во Солун Народна федеративна партија. За време на Првата балканска војна со поголем одред зел активно учество на страната на сојузниците.

Убиен е од агенти на Фердинанд кај местото Папаз - Чаир во Пирин планина на 21 април 1915 г.

<< Претходна | Следна>> | Именик