Јордан Гавазов

Роден е во Прилеп. На МРО и пристапил уште во 1894 година. Се истакнал со своите организациони способности и со извршување на специјални терористички задачи.

Во 1898 година паднал во затвор. Казната ја издржувал во битолскиот затвор, од каде што многу бргу успеал да избега и да емигрира во Бугарија. Таму со својот другар Христо Чемков формирале чета и пак се вратиле во Македонија.

Истата 1898 година, во една куќа во Прилеп биле откриени и опколени од турската власт. Се развила повеќечасовна борба. Гледајќи ја безизлезната состојба а несакајќи да им се предадат на Турците, извршиле саможртва.

<< Претходна | Следна>> | Именик