Јулиј Розентал

Роден е во 1872 година во Иркутск (Сибир-Русија). Потекнува од Полско благородничко семејство, кое во 1880 година емигрирало во Бугарија. Се школувал во Софија и за време на студиите ги прифатил идеите на национално-ослободителната борба на македонскиот народ. Дошол во Македонија и учествувал во Илинденското востание како четник во четата на велешкиот војвода Никола Дечев.

Загинал заедно со војводата и други четници во борбата кај с. Луково, Кратовско, на 25 септември 1903 година.

<< Претходна | Следна>> | Именик