Кирил Глигоров (Келешов)

Роден е во Штип во 1903 година. Потекнува од бедно семејство. Рано се вклучил во редовите на ВМРО и добил задачи сврзани со големи ризици. Ја добил и задачата да го ликвидира Стојан Мишев од Штип, отпадник и предавник на македонското ослободително движење.

На 30 декември 1924 година, во 12 часот на пладне, Кирил го го убил  Мишев точно пред прагот на неговото живеалиште. По убиството успеал да избега се до бугарската граница, но минувајќи низ селото Костин дол, Кочанско, бил предаден од селанецот Стојан Шанкев. По кртатка престрелка бил заробен и однесен во штипскиот затвор.

По многу измачувања на 30 август 1925 година е застрелан од српските жандари.

<< Претходна | Следна>> | Именик