Роден е во с. Неокази, Леринско. Бил реонски војвода во Леринско
и голем приврзаник на Внатрешната револуционерна организација.
Учествувал во многу борби во Леринско пред, за време и по Илинденското
востание. За време на Младотурскиот режим бил ориентиран кон
Ј. Сандански и Народната федеративна партија.
По Првата светска војна се населил да живее во Битола, каде
српската власт го убила во 1928 година. |