|
Роден е во с. Крушје, Ресенско. Рано се вклучил
во национално-ослободителната борба на Македонскиот народ. Во
прво време дејствувал како четник, а потоа бил назначен за околиски
војвода во Преспа. За време на Илинденското востание Крсте, во
Преспа познат и како Крсте војводата, заедно со својата чета учествувал
во повеќе борби со турскиот аскер и башибозук. Познати се неговите
борбени судири кај селата: Крушје, Лева Река, Кривени, Болно и
кај с .Волкодери бил тешко ранет, но успеал да се извлечи од обрачот.
По Востанието останал во Македонија и продолжил со својата револуционерна
дејност. За време на Хуриетот се одѕвал на повикот на Младотурците
и лично дошол во Битола за да се сретне со Нијази-бег.
Умрел во 1943 година во Ресен. |