Бугарин по националност, роден во 1877 година во Сливен, Бугарија.
Завршува високо образование во Софија и под влијание на Г. Делчев
се вклучува во борбата за ослободување на Македонија и Одринско.
Дејствувал во Серскиот револуционерен округ како војвода на
чета и бил близок соработник на Христо Чернопеев и Јане Сандански.
Бил еден од иницијаторите и директните учесници во грабнувањето
на протестанската мисионерка Елен Стон (август 1901). Тој ги
водел и преговорите со протестанската мисија во врска со висината
на откупот.
Се одликувал со изразита физичка сила и храброст и затоа ги
носел прекарите: „Мечка“, „Черкез“ и „Огнениот даскал“.Во февруари 1903 година бил назначен за окружен солунски војвода.
Непосредно пред востанието, на 8 септември 1903 година е убиен
кај с. Корнишор (Ениџевардарско). |