Крсто Гермов - Шакир војвода

Роден е во 1875 година во Прилеп. Во Организацијата се вклучува во 1901 година како четник во четата на П. Ацев, а потоа станал реонски војвода во Мариово. За време на Илинденското востание учествувал во повеќе борби против турскиот аскер, а по востанието и тоа како против турскиот аскер и башибозук така и против грчките андарти. Во 1904 година го придружува Ѓ.Петров, после е со војводата Н.Каранџулов. Војува против врховисти, грчки и српски чети. Во 1906 година е уапсен од турската власт и осуден на доживотен затвор, а амнестиран е од младотурците во 1908 година.

Учествува во балканските војни, а по војната живее во Софија. Во Македонија се вратил по Втората светска и како највозрасен народен пратеник од Прилепско на 01.09.1946 година го отвора Првото заседание на Македонското народно собрание.

<< Претходна | Следна>> | Именик