Крсто Лазаров Иванов

Роден е во 1881 год. во с. Коњух, Кумановско. Во редовите на ВМРО пристапил во 1900 година. Од 1901 г. до 1903 г. е четник во четата на капетан Јордан Стојанов. Во Илинденското востание како четник учествува во четата на скопскиот војвода Никола Пушкаров. По востанието е четник во четите на Михаил Чаков и Коста Нунков во Кумановско. Во 1905 година го убил водачот на српската пропаганда во Куманово. Од 1905 до 1931 год. е кумановски околиски војвода и водел борба против српската пропаганда. Учествиува во Балканските и Првата светска војна.

После 1941 година се прибрал во родната околија. Кон крајот на 1944 година, како соработници на бугарскиот фашистички окупатор, заедно со уште 40-тина души, се убиени и закопани без трага.

<< Претходна | Следна>> | Именик