Мануш Георгиев - Турновски

Роден е во с.Ново Село, Струмичко. Уште како ученик во педагошкото училиште во г. Сер, се појавува по револуционерна линија и е исклучен за некаков бунт предизвикан од него против една училишна неправда. Револуционерната идеологија го вовлекува во редовите на Организацијата. Се пројавува на собири, каде што држи револуционерни беседи составени од него. Во немирната 1903 година станува нелегален и тргнува од село во село и агитира во полза на Организацијата. На конгресот 1907 година е избран за член на Окружниот комитет и помошник струмички војвода и заменик на војводата Х. Чернопеев.

Загинал на 7 февруари 1908 година во месноста Трнка, Петричко, во борба со турскиот аскер. Во таа крвава борба заедно со него загинале и 25 негови четници, како и петричкиот војвода Васил Скендеров.

<< Претходна | Следна>> | Именик