Манол Розов

Роден е во с. Бобишта, Костурско, во 1876 година. Работел како учител по што се вклучил во Организацијата.

Во Илинденското востание со своја чета се борел на повеќе места во Костурско. Кон крајот на Востанието, заедно со костурските војводи И. Попов и Л.П.Трајков, со своите чети го пробиле обрачот на повеќеилјадната турска војска и се префрлиле во Мариово. Таму, во октомври 1903 година, на врвот Сокол (Ниџе планина), бил опкружен со својата чета и во нерамна борба со турскиот аскер јуначки загинал, пеејќи ја песната „Убава си моја горо“.

<< Претходна | Следна>> | Именик