Роден е во с. Екши Су, Леринско во 1873 година.
Во 1892 год. завршува педагошки оддел во Солунската гимназија и станува главен учител во с. Ваташа, Тиквешко, а потоа во Екши Су. Тој е повеќегодишен учесник во Македонската национал-револуционерна борба како помошник на леринскиот војвода Г. Папанчев и началник на востанички одред за време на Илинденското востание во Леринско. Тој останал активен и по Востанието.
Умира во 1957 година во Велинград, Бугарија. |